Српскиот премиер Цветковиќ бара оставка на вицепремиерот Динкиќ

Српскиот премиер Мирко Цветковиќ

Српскиот премиер Мирко Цветковиќ покрена постапка за разрешување на неговиот заменик и министер за економија и регионален развој Малаѓан Динкиќ, како и на државниот секретар во министерството за финансии Слободан Илиќ.
Според Цветковиќ министерот мора да биде одговорен за се што ќе каже, а владата мора да биде сложна. Динкиќ во минатата недела изјави дека владата го загубила својот авторитет.