Бериша-локалните избори ќе се одржат на планираниот датум

Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека локалните избори во земјата ќе се одржат на планираниот датум на 8 мај. Бериша на средба со парламентарната група на неговата владејачка Демократска партија наведе дека нема сила што ќе го помести одржувањето на изборите.
Според Бериша опозицијата на чело со Еди Рама, која вели дека нема да учествува на изборите ќе го има потребниот простор за изборен натпревар, како во секоја слободна земја.