Поранешниот џудо партнер на Путин напредува на листата на најбогатите

Аркади Ротенберг, поранешниот џудо партнер на рускиот премиер Владимир Путин, се сикачи за неколку позиции на листата на најбогатите луѓе во Русија на магазинот „“Финанс“. Ротенберг и неговиот помлад брат се искачија за 17 позиции погоре на листата, на 63 место. Нивното богатство се проценува на 1.75 милијарди американски долари. Ротенберг е првиот човек на енергетската компанија „Стројмонтазх“ која е дел од рускуиот Северен ток.