Бројот на загинати при бомбашките напади во Ирак се искачи на 33

Ирачките власти соопштија дека бројот на загинати при вчерашните бомбашки напади се искачил на 33. Бомбашот самоубиец го активирал експлозивот во автобус, кој превезувал шиитски свештеници, кои се враќале од религиозна церемонија. Инцидентот се случил во близина на градот Самара, кој се наоѓа северно од Багдад.