Покрената истрага за кинескиот министер за железнички собраќај

Кинескиот министер за железнички собраќај Лиу Жијун е под истрага за тешко кршење на дисциплината и е сменет од функцијата, соопшти кинеската државна новинска агенција. Истрагата за Жијун е од висок профил, поради големите инвестиции на Кина во развојот на брзиот железнички собраќај и важноста на железничкиот систем во земјата.