Животот во Египет по протестите се враќа во нормала

Прославата на плоштадот Тахрир во Каиро по оставката на претседателот Хосни Мубарак

Жителите на Египет денеска ќе се вратат на работните места за прв пат, откако во петокот беше соборен режимот на претседателот Хосни Мубарак. Во земјата животот полека се враќа во нормала по 18 дневните анти-владини протести. Некои демонстранти се уште кампираат на плоштадот Тахрир. Тие сакаат војската што побрзо да ја изврши транзицијата кон демократијата во Египет.
Високиот воен совет не даде информации колку време ќе биде потребно за транзицијата, но соопшти дека е посветен на остварување на граѓанските права и демократијата.