Високиот комесар на ОН Нави Пилај во посета на Русија

Високиот комесар за човекови права на ОН Нави Пилај

Високиот комесар за човекови права на ОН Нави Пилај денеска ја започнува еднонеделната посета на Русија. Пилај ќе се сретне со рускиот претседател Дмитри Медведев, членови на Думата, како и претставници на невладините организации. Тема на разговорите ќе бидат човековите права, меѓу кои дискриминацијата, правата на жените, миграцијата и правата на луѓето со хендикеп.
Организацијата Хјуман Рајтс Воч упати критики до Медведев дека не успеал да ја подобри состојбата со човековите права во Русија.