Марти-Западот знаел за трговијата со човечки органи на Косово

Дик Марти

Специјалниот претставник на Советот на Европа за човекови права Дик Марти изјави дека западните власти знаеле дека косовските политичари се вмешани во трговија со човекови органи во земјата. Според Марти последните години во Косово се убиени десетици луѓе кои сведочеле за извршените злосторства. Убивањето како што изјави Марти во интервјуто за словенечкиот весник Дело не допрело никого во Европа и тоа е вистински скандал, а не неговиот извештај.
Марти објави извештај во кој се зборува за трговијата со човечки органи на Косово со која е поврзан премиерот Хашим Тачи и други политичари од земјата.