Во Палестина избори пред септември

Палестинскиот лидер Махмуд Абас

Палестинските власти соопштија дека претседателските и парламентарните избори ќе бидат одржани пред септември. Највата за изборите доаѓа по состанокот на Западниот брег на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација, која е под раководство на Махмуд Абас. Припадниците на Хамас кои владеат со појасот Газа го одбија повикот за распишување избори и соопштија дека нема да ги признаат резултатите.