Палестинскиот преговарач поднесе оставка поради Викиликс

Саеб Еракат

Палестинскиот преговарач Саеб Еракат денеска поднесе оставка, поради застојот во напорите да бидат оживеани мировните преговори со Израел. Еракат изјавил за француската новинаска агнција АФП дека поднел оставка поради неговата одговорност за обелоденувањето информации на веб страната Викиликс, кога биле украдени документи од неговата канцеларија. Документите биле на располагање и на меѓународната телевизија Ал Џезеира и на британскиот весник Гардијан во кои биле изложени отстапките на Палестина во мировните преговори со Израел, кои траат една деценија и со кои биле посрамени палестинските лидери.