Египетската влада останува привремено на должноста

Прославата на плоштадот Тахрир по оставката на Мубарак

Египетската влада ќе остане привремено на должноста за да раководи со работите кои се во тек, соопшти денеска војската која управува со земјата по оставката на претседателот Хосни Мубарак. Врховниот совет на вооружените сили им забрани на функционерите од поранешниот режим да ја напуштат земјата и го скратија полицискиот час. Тие формирале цивилен совет за изградба на слободна демократска држава. На плоштадот Тахрир во Каиро се уште има демонстранти кои чекаат да биде целосно променета власта во Египет.