Судир на авганистанската полиција и талибанците-3 загинати

Најмалку 3 лица загинале, а 26 се повредени во судирот на авганистанската полиција и талибанците во покраината Кандахар, соопштија тамошните власти. Меѓу загинатите има двајца полицајци, а повредени се десет деца. Според локалните власти неколку талибанци ја заземале зградата спроти полицијата и притоа се слушале истрели и експлозии.