Фуере на проштална средба со Милошоски

Ерван Фуере

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, денеска имаше проштална средба со шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија и специјален претставник на ЕУ амбасадорот Ерван Фуере.
Како што соопшти МНР, Милошоски искажал благодарност до амбасадорот Фуере за неговиот активен ангажман и личен придонес во унапредувањето на процесот на европска интеграција на Република Македонија во изминатите пет години.
Шефот на макеоднската дипломатија истакнал дека за време на мандатот на амбасадорот Фуере се случија повеќе настани од голема важност за европските аспирации на Македонија, како препораката на Европската комисија за почеток на пристапни преговори и воспоставувањето на безвизниот режим на патување за македонските државјани во Шенгенската зона.
Амбасадорот Фуере се заблагодарил за високото ниво на остварена соработка и изразил надеж на скорешно почнување на преговорите за членство кои ќе ја доведат Македонија до остварување на нејзината стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.