Разбиена нарко банда на релација Албанија - Сицилија

Италијанската полиција во Катанија разби нарко банда „активна“ на релација Албанија - Сицилија.
Како што јави МИА од Тирана, упасени се шест лица, од нив четворица Албанци, еден Грк и еден Италијанец, а запленети се 35 килограми дрога, хероин и марихуана, како и оружје, кое и припаѓало на групата.
Според италијанското обвинителство криминалната организација шверцувала хероин и марихуана од Албанија со помош на рибарски бротчиња и чамци до брегот на Сицилија, а потоа со возила истата ја распределувала на италијанскот нарко-пазар.