Таџикистанските власти ќе ги контролираат џамиите

Таџикистанскиот претседател Имомали Рахмон им нареди на безбедносните служби да ја зајакнат контролата врз религиозните училишта и џамиите, каде што постои сомневање дека се пропагира радикален ислам. До ова доаѓа само два дена откако главната опозициона исламистичка партија ја обвини владата за корупција. Рахмон оцени дека некои џамии се претворени во регрутни центри за млади екстремисти, наведувајки дека во земјата имало околу 1.200 нерегистрирани џамии.