Назарбаев повторно ќе се кандидира за претседател

Казахстанскиот претседател Нурсуслтан Назарбаев и формално се согласи повторно да се кандидира на наредните претседателски избори. Ова, Назарбаев го соопшти на конгресот на владејачката партија. Опозицијата во Казахстан е целосно маргинализирана, а во парламентот се само пратеници кои го подржуваат Назарбаев.