Катедрала со владини пари во Букурешт - многу романци против

Букурешт

Романската Влада објави дека ќе даде над два милиони евра за изградба на гигантска „катедрала за спас на нацијата“ во центарот на Букурешт, спорен проект на покојниот патријарх Таоктист.
Во јуни кога проектот предизвика полемика заради цената, владиката Чипријан Кампинјанул увери дека изградбата нема да биде со државни средства. Катедралата која ќе биде изградена во близина на дворецот на Чаушеску, ќе биде висока 120 метри и ќе може да собере над 5.000 верници. Тој проект е оквалификуван како мегаломански од многу Романци кои велат дека сега државата се бори со економската криза преку намалување на плати и работни места во државниот сектор.