Иран - одбележување на 32 години од исламската револуција

Иранки на покрив на телекомуникациски центар во Техеран во очекување на прославата на исламската револуција

Во Иран со собири се одбележува 32 годишнина од исламската револуција. Се скандираат слогани за подршка на востанијата во арапскиот свет и против САД. Според државната телевизија, во Техеран се очекува да се соберат милиони луѓе на кои ќе им се обрати Претседателот Махмуд Ахмадинеџад.
Според властите, овогодишните собири се акт на солидарност со народот на Египет и протестите против Хосни Мубарак.
Истовремено на опозицијата не и дозволено да организра митинг на солидарност со египетскиот народ а опозициониот лидер Мехди Кароуби бил ставен во куќен притвор. Други опозиционери биле затворени.