Каиро-Демонстрантите повторно на улица

Анти-владини протести во Каиро

За денеска се најавени големи демонстрации во Египет поради синоќешната одлука на претседателот Хосни Мубарак да не се повлече од власта.
Демонстрантите најавија дека ќе маршират до претседателската палата.
Во вчерашното телевизиско обраќање до нацијата Мубарак вети уставни промени, а некои од своите овластувања му ги предаде на Потпретседателот Омар Сулејман.
Демонстрациите во Каиро траат повеќе од две недели.