КФОР:5 илјади војници доволни за стабилност на Косово

Командантот на КФОР Ерхард Билер.

Околу 5.000 војници на НАТО на Косово се доволни за да се задржи мирот во земјата изјави , Командантот на КФОР Ерхард Билер. Тој истакна дека ситуацијата на Косово е мирна и стабилна. Билер изјави дека КФОР треба да придонесе за искоренување на криминалот, особено на северниот дел на Косовска Митровица, но КФОР не може да ги решава економските проблеми и меѓуетничките односи во земјата.