Египет-Сулејман ги замоли демонстрантите да си одат

Заменик претседателот на Египет Омар Сулејман

Потпретседателот на Египет Омар Сулејман ги повика демонстрантите во Каиро, мирно да се разотидат по обраќањето на претседателот Хосни Мубарак. Сулејман побара до демонстрантите да помогнат и при обновата на земјата. Тој апелираше за единство во овие тешки моменти за Египет. Египетскиот Претседател Хосни Мубарак синоќа во обраќањето до нацијата изјави дека нема да се канидира за уште еден претседателски мандат, но нема да се повлече од функцијата се додека не се формира нова влада. Мубарак изјави дека ќе ја води нацијата низ процесот на мирољубива транзиција на власта. Во ТВ обраќањето тој објави уставни амандмани за одржување избори и транзиција на моќта. Хосни Мубарак изјави дека дел од своите овластувања ќе му ги предаде на Потпретседателот Омар Сулеиман. Обраќањето на Мубарак го следеа стотици илјади луѓе на централниот плоштад Тахрир во Каиро. По обраќањето дел од демонстрантите славеа, но дел од оние незадоволните гаѓаа со своите чевли и извикуваа: Оди си! Оди си Мубарак! Во изминатите 17 денови колку што траеа протестите според податоците на Хјуман Рајтс воч во Египет загинале повеќе од 300 луѓе.