Депортирани 60 македонски државјани од Дрезден

Во Скопје денеска беа депортирани 60 македонски државјани од Дрезден, чии што барања за азил биле одбиени како неосновани од тамошните власти. Лицата биле депортирани во придружба на 30 припадници на германската сојузна полиција. Педесет и девет од нив биле од ромска, а еден од албанска етничка припадност. Најголем дел од нив биле од Куманово, Битола и Скопје, а имало и жители на Дебар, Струмица, Крушево и Тетово.