Протести на адвокатите во Ирак

Протестите во Египет

Стотици адвокати денеска протестираат во Ирак, поради корупцијата и невработеноста во земјата. Демонстрантите се инспирирале од случувањата во Тунис и анти-владините протести во Египет.
Демонстрантите во Багдад побараа од владата да ги отвори тајните затвори и да им даде на затворениците пристап до правна помош.
Организациите за човекови права претходно соопштија дека ирачките безбедносни сили имаат тајни затвори во кои на затворениците не им се овозможени адвокати и се психички малтретирани.