Нимиц без нов предлог, презентирани позициите на двете земји

Метју Нимиц

Посредникот на ОН во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц по синоќешната двочасовна средба со двајцата преговарачи во Њујорк, изјави дека нема нов предлог, но оти двете страни изразиле подготвеност да ги продолжат разговорите за наоѓање решение за прашањето за името. „Атмосферата беше многу добра. Двете страни ги презентираа своите позиции. Има позитивно расположение да се реши проблемот“, изјави Нимиц. Како прогрес во процесот тој ги оценил минатогодишните средби на премиерите Груевски и Папандреу, кои, како што вели, имале позитивно влијание во напорите да се дојде до решение. Пред заедничката средба во неговата кацеларија на Менхетен, Нимиц претходно и одвоено разговараше со двајцата преговарачи. Нимиц и преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис синоќа, како што јавува МИА, имале и заедничка работна вечера.