Штрајкови во Грција и во Србија

Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција ќе стапи во тричасовен штрајк. Излегувањето на улица е во знак на незадоволство поради владините мерки за штедење.
Во меѓувреме и во Србија продолжуваат штрајковите на независните синдикати на полицијата и на просветните работници. Штрајкот на полицијата почна на 3-ти февруари. Од 27 полициски управи штрајкуваат 24, со почитување на минимум работа. Часовите во училиштата, пак, се скратени на 30 минути.