Демонстрантите во Каиро го блокирале влезот на Парламентот

Собирот на демонстрантите пред зградата на Парламентот во Каиро

Анти-владините протести во Египет продолжуваат и денеска на плоштадот Тахрир во Каиро и притоа тие го блокирале и влезот на Парламентот. Според агенциите воените сили со вооружени возила ја заштитувале зградата, но протестите биле мирни. Мнозинството во египетскиот Парламент го има Националната Демократска партија на Претседателот Хосни Мубарак.
Стотици илјади демонстранти протестираат повеќе од две недели за оставка на Мубарак од функцијата.