Кантримен наместо на Косово во посета на Тирана

Американскиот заменик-помошник државен секретар Томас Кантримен

Американскиот заменик-помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Томас Кантримен наместо денеска да го посети Косово, отпатува за Тирана. Тој ќе се сретне со албанскиот премиер Сали Бериша и лидерот на опозициските социјалисти Еди Рама, како и претседателот на земјата Бамир Топи.
Кантримен пред посетата во албанските медиуми изјави дека американската администрација не верува во тврдењата на Бериша дека на 21 јануари имало обид за пуч за насилно преземање на власта.