Попис на населението во Индија

Во Индија денеска започна пописот на населението, кој ќе трае три недели. Задолжените за спроведување на пописот ќе ги прашуваат граѓаните на земјата, која има околу 1,17 милијарди жители за нивните приходи, вера, образование и пристапот до јавни добра. Според агенциите тоа ќе им помогне на властите да утврдат каде е најраспространета сиромаштијата или каде најголем број од населението незнае да чита. Индија по Кина е најмногубројна земја во светот .