Бан Ки Мун - Атина и Скопје да покажат добра волја

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун ги повика Атина и Скопје да покажат добра волја и со помош на медијаторот Метју Нимиц да најдат решение за проблемот, кој не е само важно билатерален, туку влијае и на поширокиот регион, изјави портпаролот на Светската организација Мартин Несирски на брифинг во Њујорк пред денешната средба на Нимиц со претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис.
Несирски го пренесе ставот на Бан Ки-мун дека спорот за името е „сложен и трае премногу долго“ и оти двете страни треба да покажат добра волја и да го решат што е можно побргу.
Во соопштението на прес-службата на ОН се наведува дека „целта на средбата е да им се даде можност на претставниците на двете страни да ги претстават пред амбасадорот Нимиц позициите на своите влади и разликите меѓу нив, за да се види дали има области кои би можеле натаму да се разработуваат, како и да се утврдат следните чекори во процесот чија крајна цел е наоѓање брзо решение за прашањето за името.