Сулеиман - протестите во Египет не можат да траат уште долго

Каиро, 8 февруари

Потпретседателот на Египет Омар Сулеиман предупреди дека протестите против режимот на Хосни Мубарак не можат да продолжат уште долго и дека кризата треба да заврши што побргу. Оваа негова изјава се толкува како нетрпеливост на власта по 16 дневните протести. Вчера во Каиро се собраа околу 250 илјади луѓе кои бараат Мубарак веднаш да ја напушти власта. Сулеиман, пак разговараше со опозиционите групи, меѓу кои и забранетото Муслиманско братство, но според опозицијата, засега има мал прогрес во разговорите.
Американскиот Потпретседател Џо Бајден побарал од египетскиот Потпретседател Омар Сулејман да стави крај на кризата. Белата Куќа соопшти дека се бараат 4 мерки, меѓу кои да запрат апсењата и насилствата врз новинарите и активистите за човекови права и со опозицијата да се направи план за временска транзиција на власта во Египет.