Верски инциденти во Индонезија

Стотици радикални исламисти денеска упаднаа во судот во цетралната провинција Јава во Индонезија и запалиле две цркви во знак на протест против малата казна против еден христијанин кој го навредувал исламот. Антониус Бавенган беше осуден на 5 години затвор поради дистрибуција на книги и памфлети навредувачки за исламот. Домонстрантите бараа смртна казна.