Објавени мемоарите на Доналд Рамсфелд

Поранешниот американски секретар Доналд Рамсфелд денеска ги објави своите мемоари во кои признава дека имало одредени грешки, но ја правда неговата стратегија во војните во Ирак и во Авганистан. Во неговата книга Познато и непознато, Рамсфелд потврдува дека информациите оти режимот на Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување биле погрешни. Сепак тој оценува дека соборувањето на тој режим во Ирак бил добра одлука.