Француската министерка Мари жали за скандалот

Мишел Елиот Мари

Француската министерка за надворешни работи Мишел Елиот-Мари денеска изрази жалење за скандалот кој настана по нејзниото патување на одмор во Тунис за време на немирите. Опозицијата побара од министреката Мари да поднесе оставка отакако таа призна дека патувала со приватниот авион на тунискиот бизнисмен Азиз Милед , човек кој се смета дека е близок до режимот на соборениот претседател Зин Ел Абидин Бен Али.Но таа одби да поднесе оставка. Мари минатиот месец предизвика и негодувања во јавноста со предлогот Франција да ја обучува туниската полиција кога туниските организациии за човекови права јавуваа дека полицијата убила десетици демонстранти.