ОБСЕ загрижена за правото на слобода на говор во Украина

Литванскиот министер за надворешни работи Аудрониус Азубалис и неговиот украински колега Костиантин Гришченко

Литванскиот министер за надворешни работи Аудрониус Азубалис чија земја претседава со ОБСЕ изрази загриженост за напорите на украинската влада во обезбедување на правото на слобода на говор. Азубалис кој е во посета на Киев не соопшти за кои прашања разговарал со неговиот украински колега, но изрази надеж дека тие ќе бидат сериозно земени во предвид.