Нова експертска мисија на ЕУ и ММФ во Грција

Премиерот на Грција Јоргос Папандреу

Експерти на Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд денеска почнуваат нова мисија во Атина за проверка на реформите во Грција, по што треба да дадат зелено светло за исплата на следната транша од кредитот на земјата од 15 милијарди евра. Грчкиот министер за финансии Јоргос Папаконстантину во минатата недела оцени дека нема опасност од откажување на одобрувањето на следната транша, бидејќи државата успеала да постигне поголем дел од буџетските цели. Во мај минатата година на Грција и беа одобрени кредити во висина од 110 милијарди евра за излез од должничката кризата.