Опозицијата во Мјанмар бара продолжување на санкциите

Аунг Сан Су Ки

Партијата на продемократската лидерка Аунг Сан Су Ки побара денеска продолжување на западните санкции врз нејзината земја. Во образложението се наведува дека со санкциите најмногу е погоден воениот режим, а не и целокупното население.