Британскиот суд одлучува за екстрадицијата на Асанж

Џулијан Асанж пристигнува во судот во Лондон на 11 јануари 2011

Судот во Британија денеска ќе одлучува за екстрадицијата на основачот на Викиликс Џулијан Асанж во Шведска. Асанж е осомничен дека сексуално малтретирал две жени. Тој ги отфрла таквите обвинувања. Адвокатите на Асанж ќе се обидат да ги разубедат судиите да не се дозволи екстрадиција на нивниот клинет. Шведска бара Асанж да биде вратен во земјата, врз основа на законот за брза екстрадиција меѓу земјите-челнки на ЕУ кој беше воведен во 2004.