Владините предлози недоволни за смирување на Египет

Демонстрантите легнаа пред тенковите на улиците на Каиро

Опозициските организации во Египет соопштија дека владините предлози за ставање крај на кризата во земјата се недоволни. Забранетата организација „Муслиманско братство“ и други организации, по неколкудневните протести почнаа преговори со Владата. Египетската Влада предложи реформи на Уставот, но за опозицијата разговорите се само прв чекор. Двете страни се согласиле да се формира комисијаа која ќе ги подготвува реформите. Комисијата треба да започне со работа на почетокот на март. Нобеловецот Мохамед Ел Барадеј, кој не беше дел од разговорите, го оцени преговарачкиот процес матен.