100-годишнината од раѓањето на Роналд Реган

Советскиот лидер Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган потпишуваат договор за нуклеарно разоружување во Белата куќа на 8 декември 1987 година

Во САД се одбележа 100-годишнината од раѓањето на поранешниот американски претседател Роналд Реган, кој е запаметен како политичар кој го одбележа своето време. Роденденот на поранешнот претседател кој во периодот 1981-1989 стана идол на конзервативците, беше одблежан со сите почести во претседателската библиотека која го носи неговото име во Калифорнија. Реган почина на 93 години, на 5 јуни 2004-та во Калифорнија.