Временска прогноза - Ведро и топло време

Времето утринава - претежно ведро, тивко и студено, со магла во одделни котлини. Преку ден ќе биде топло, особено на високите места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура се движи од минус 9 до 3 степени, а дневната од 8 до 19 степени.