Најмалку 30 судански војници загинале при меѓусебна расправија

Најмалку 30 војници загинале во меѓусебна расправија во северниот дел на Судан, поради спор за тоа кој е одговoрен за артилеријата во јужниот дел на земјата, соопштија тамошните власти. Судирот на војниците се случил вчера во градовите Палоику и Мелуту. Според локалните власти повеќето од суданските војници се од југот, а се борат на северната страна 21 година, колку што траеше граѓанската војна во земјата.