Египетската опозиција се сретна со потпретседателот Сулејман

Потпретседателот Омар Сулејман

Претставниците на опозициските партии во Египет, меѓу кои и Братството на муслиманите денеска се сретнаа со потпрестседателот Омар Сулејман да раговараат за реформите кои ги бараат демонстрантите. Опозициската партија на чело со нобеловецот Мухамед ел Барадеј и помали други опозициски партии исто така земале учество во разговорите.
Братството на муслиманите претходно тврдеше дека нема да преговара се додека Претседателот Хосни Мубарак не ја напушти функцијата, но денеска излегоа со соопштение дека ќе се сретнат со Сулејман за да му ги претстават нивните барања. Муслиманските и коптските христијани денеска организираа марш на плоштадот Тахрир во Каиро во чест на загинатите при немирите на тринаесет дневните протести.