Албанија остварила економски раст во 2010 од 4,9 насто

Гувернерот на Централна банка во Албанија Ардиан Фулани изјави дека земјата минатата година остварила економски раст од 4,9 насто. Според Фулани и покрај проблемите со кои се соочувал банкарскиот сектор сепак забележани се поголеми финансиски резултати во однос на 2009 година. Министерството за финансиии соопшти дека годинава очекува раст од 5 ипол насто, бидејќи нема да се купуваат еврообврзници, а инвестициите ќе бидат покриени со дoлгорочни кредити.