Обама повика на разговори за ситуацијата во Египет

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама ги повика лидерите на Германија, Британија и Обединетите Арапски Емирати на разговори за ситуацијата во Египет, каде тринаесет дена по ред не престануваат протестите. Обама претходно порача транзицијата на власта во Египет да почне веднаш. Тој изрази загриженост и за состојбата на новинарите и организациите за човекови права во земјата и ги повика египетските власти да ги почитуваат правата на луѓето и да ги ослободат неправедно уапсените.