Претседателските избори во Казахстан на трети април?

Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев

Претседателските избори во Казахстан ќе се одржат на 3 април, според објавата на некои весници од земјата. Пред неколку дена Претседателот Нурсултан Назарбаев повика на предвремени избори, речиси две години пред да му заврши мандатот. На таквиот чекор Назарбаев се одлучи откако уставниот суд го одби распишувањето на референдум за продолжување на неговата функција за уште десет години.