Македонија во 2008 го прифатила предлогот на Нимиц за името

Потпаролот на владата Мартин Мартиновски

Владиниот потпарол Мартин Мартиновски во врска со документот објавен на Викиликс изјави дека е познато во јавноста оти македонската страна пред НАТО самитот во Букурешт го прифатила предлогот на медијаторот Метју Нимиц и доколку тој бил прифатен од грчката страна би бил ставен на референдум за да се изјаснат граѓаните. Според Мартиновски тој принцип останува и во иднина, односно доколку државата прифати некој предлог за решавање на спорот со името, последниот збор ќе го имаат граѓаните.
Во документот во кој е пренесен ставот на Велика Британија е наведено дека Македонија во 2008 година прифатила компромисно име што би било предложено од посредникот на ОН Метју Нимиц и дека максимален притисок мора да биде извршен врз грчката страна.