Русија против нови санкции за Иран

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска на конференцијата за безбедност во Минхен дека е против спроведувањето на нови санкции за Иран, поради спорната нуклеарна програма на земјата. Меѓународната заедница спроведе санкции за Иран поради одбивањето да прекине со збогатување на ураниум и неприфаќањето на предлозите на ОН. Според Лавров секој нов предлог бил со цел да се задуши иранската економија.