Тројца загинати во експлозија на автомобил бомба во Пакистан

Во експлозија на бомба подметната во автомобил во Пакистан загинале тројца патници, а двајца пешаци се повредени во регионот Хибер на границата со Авганистан. Според локалните власти бомбата која била со тајмер експлодирала додека автомобилот бил во движење кај селото Баркамбархел.