Хаменеи: арапскиот револт знак за исламско будење

Иранскиот врховен верски лидер ајатолах Али Хаменеи

Иранскиот врховен верски лидер ајатолах Али Хаменеи денеска изјави дека бранот востанија во арапските земји е индикација за исламското будење кое потсетуба на Иранската револуција во 1979 година. Тој денеска во Техеран им се обрати на верниците за време на редовната петочна молитва, што е за прв пат во изминативе седум месеци. Неговите зборови, како што јавуваат агенциите, биле проследени со слогани против Америка и Израел.