Продолжуваат протестите во Египет

Египетската опозиција, која бара заминување на претседателот Хосни Мубарак, повика на одржување големи протести ширум државата. Новиот премиер Ахмед Шафик изјви дека министерството за внатрешни работи не треба да го опструира денешниот марш на опозицијата. Во текот на неделава во Египет имаше судири меѓу протестантите кои бараат оставка на Мубарак и неговите поддржувачи, во кои имаше загинати и повредени.